top of page

Masterclass Едукативно Предавање

Тема: Начини за РЕСЕТ на Нервниот Систем.

Локација во просториите на компанијата.

Опис на услугата

Masterclass Едукативно Предавање со практична работа, наменет за лидери, менаџмент и тимови, на тема: Начини за регулација на нервниот систем како алатка за зголемена ефективност, резилиентност и благосостојба кај поединецот. Намален СТРЕС = поголемо ЗАДОВОЛСТВО + зголемена ПРОДУКТИВНОСТ на индивидуално, а со тоа и на колективно ниво. Предавањето се состои од: 1. Говор. Информации низ секојдневни примери кои мотивираат, инспирираат и информираат за тоа како и зошто техниките влијаат исцелително и кој фактор е клучен за ефективно справување со стресот. 2. Практичен дел. Техника за смирување нервен систем и ослободување стрес, анксиозност, со цел учесниците да стекнат директно искуство, а не само концептуално знаење, применливо и во канцелариски услови, како и надвор во било кое време од денот. 3. Водена медитација и визуелизација. Интеграција и стабилизација во парасимпатичкиот смирен нервен систем. Мојата намера е да понудам пристап кој е приземен, јасен, практичен и применлив во тековниот ден на секој човек, избегнувајќи езотерични концепти. 4. Follow-up извештај со кратки дневни препораки. Времетраење 2 часа. Локација: По договор или во просториите на вашата компанија. Инвестиција xxx мкд. Зошто оваа тема е релевантна за вашата компанија ? Вработените секојдневно се соочуваат со високо ниво на когнитивен товар, стрес, рокови, ментална едноличност, долготрајна работа пред екран, седечки начин на работа и постојан ментален ангажман. Современата невронаука покажува дека хроничниот стрес директно влијае врз: Префронталниот кортекс (делот одговорен за одлуки, фокус и логичко размислување), губење Меморија, Емоционален дисбаланс и зголемено чувство на негативна празнина. Доколку не познаваме АЛАТКИ за ресет и инстантно ослободување, сите овие водат кон: - Хроничен стрес - Намалена концентрација - Когнитивен замор - Пад на креативноста и живоста (енергичноста) - Зголемен ризик од burnout и ментална истоштеност - Зголемен ризик за болести Што добива компанијата со воведување корпоративна јога и коучинг ? - Подобрен employee wellbeing - Алатки за справување и ослободување стрес - Поголема продуктивност и ефикасност на работно место - Зголемен фокус и аналитички способности - Емоционална регулација - Превeнција од burnout - Поздрава корпоративна култура Закажете ја првата БЕСПЛАТНА консултација.


Контакт 

Skopje, North Macedonia

Skopje, North Macedonia

  • LinkedIn
  • Facebook
  • Instagram

Закажи консултација

Јога Свест Терапија

 

© 2026 by Joga Svest Terapija. Powered and secured by Wix

 

bottom of page