

Корпоративен Reset & Connect РИТРИТ
Златен стандард во терапевтски и забавен пристап за ослободување стрес и тимско поврзување.
Опис на услугата
Корпоративен Reset & Connect РИТРИТ за ослободување стрес и тимско поврзување, како дел од вашиот НЕЗАБОРАВЕН ТИМ БИЛДИНГ каде и да сте во рамките на земјава. Работилницата може да се одвива и во рамките на слободните сали на компанијата или изнајмена хотелска сала/ јога студио. Овој краток РИТРИТ е дизајниран да поттикне тимска енергија, взаемно поврзување, и понуди искуствено ослободувачко доживување низ практични алатки кои учесниците ќе можат веднаш да ги применат во своето секојдневно работење и делување. Целите се повеќеслојни: * Начини на управување и ослободување од стрес * Зголемување на тимската кохезија и комуникација * Развивање тимски дух и дружење * Ослободување згрченост, тензија и емоционални отпори Форматот на Работилницата е следен : 1. Кратко мотивирачко предавање. 2. Работа во Дијада. Партнерско активно одговарање и пасивно слушање, низ интерактивни прашалници со интересни, но длабоки прашања кои ќе бидат доделени на секој пар. Целта е опуштање, зближување, смеење, дружење и несекојдневна комуникација помеѓу учесниците. 3. Кратка интерактивна друштвена игра. 4. Техники за смирување и ослободување стрес, анксиозност и емоционални отпори. Практикување моќни, но едноставни антички техники кои го смируваат нервниот систем и инстантно ослободуваат отпор, емоции и стрес. Секоја техника одделно ќе е објаснета на кој начин влијае и зошто чувствуваме олеснување и ослободување. 5. Завршуваме со водена медитација на која полека ќе се интегрира целото ревитализирачко искуство. 6. Follow-up извештај со кратки дневни препораки. Времетраење 4 - 5 часа. Број на учесници 6 - 50. Закажете ја првата БЕСПЛАТНА консултација.