

Корпоративна ПРОГРАМА: High Productivity
Комбинација од коучинг и јога адаптирани за менаџерски тимови и вработени.
Опис на услугата
High Productivity e ефективна програма која се состои од коучинг и неделни сесии (онлајн или во живо) со практични вежби на краток фокусиран тренинг и mindful визуелизации. Должината на сесиите е одредена по договор, во должина од 12 минути до 40 минути. Инкорпорирани се значајни алатки кои ослободуваат од стрес и напнатост, го изоструваат фокусот и зголемуваат благосостојбата и продуктивноста кај поединецот. По договор програмата може да биде хибридна, дел да се одвива Онлајн, дел во просториите на компанијата, доколку е возможно, или целосно Онлајн. Времетраење 3 месеци. Форматот е следен: - 1 сеанса неделно, stretch, focus & relax, телесни вежби (30 мин) - 1 сеанса неделно, breath and meditation, ментални вежби (12 мин) - 1 групен коучинг месечно и Q&A, онлајн или во живо (60 мин) - Индивидуално менторство за менаџментот, доколку е потребно. Кои се БЕНЕФИТИТЕ за Компанијата со воведување Корпоративна Јога ? Инвестицијата во благосостојбата на вработените носи директни деловни придобивки: -Зголемена ефективност при извршување на работните задачи - Намалено ниво на стрес - Техники за справување со стрес - Подобар сон и енергија - Зголемено задоволство на работно место - Подобрена концентрација - Емоционална регулација - Подобра тимска динамика - Превенција од burnout - Подигнување на корпоративната култура и свеста кај поединецот дека може да реагира и си помогне при состојба на стрес и напнатост. Закажете ја првата бесплатна консултација.