

Пакет ослободи траума: Mind - Body Reset
3 терапевтски коучинг сеанси онлајн и во живо.
Опис на услугата
Траума изворно значи болка или рана. Секој од нас носи болка во себе, затоа корисно е да најдеме ефективни начини за исцелување односно отпуштање, ослободување, промена на мисла и активно прифаќање. Спој од коучинг, соматска и енергетска терапија низ ослободување траума, заглавени емоции, хроничен стрес, промена на перцепција и враќање кон својот Простор на Мир. Пакетот е во времетраење од 3 недели, и дополнително вклучува начини за понатамошна работа на себе. Често работите околу нас не се менуваат како што ние би сакале, но она што може да се промени е начинот на кој ги гледаме работите. А со тоа работите, ситуациите и луѓето кои ги гледаме се менуваат. Така запознаваме поинаква верзија од тие луѓе и ситуации согласна на нашата променета перцепција. Промени ја својата перцепција и трансформирај го својот живот. Закажи ја првата БЕСПЛАТНА консултација, и дознај повеќе.