top of page

Програма за МЛАДИ 14 - 18 години

Ментален фитнес и физичка благосостојба низ вежби, фокус и медитација

.

Опис на услугата

Програмата претставува современ пристап за секој пол, кој се разликува од традиционалните јога часови, и комбинира свесно движење од Хата комбинирана Јога, со техники за концентрација, емоционална интелигенција, позитивна психологија и НЛП практични животни вештини. Кои се Придобивките ? • Подобрување на концентрацијата, вниманието и способноста за учење. • Намалување на стресот, тремата и притисокот поврзан со тестови, оценки и училишни обврски. • Развој на емоционална интелигенција и подобро препознавање и регулирање на емоциите. • Зајакнување на самодовербата, самопочитта и личната одговорност кај учениците. • Развивање на здрави навики. • Подобрување на држењето на телото, подвижноста и општата физичка благосостојба поради долгото седење и користење дигитални уреди. • Поттикнување на позитивна комуникација и подобри односи меѓу учениците. • Развој на вештини за саморефлексија, поставување цели и личен развој. • Поддршка на менталното здравје преку практични и лесно применливи техники кои учениците можат да ги користат и надвор од училницата. Зошто оваа програма е важна денес? Современите млади се соочуваат со зголемено ниво на стрес, дигитална преоптовареност, намалена физичка активност и бројни социјални предизвици. Часовите поинакви од традиционалните јога часови, нудат практични алатки кои им помагаат да развијат поголема отпорност, самосвесност и психофизичка рамнотежа, што позитивно влијае врз нивниот личен и академски успех. Програмата не е само дополнителна активност, туку инвестиција во создавање пофокусирани, поотпорни, посамоуверени и поуспешни млади луѓе, подготвени да се справуваат со предизвиците на современиот живот.


Контакт 

Skopje, North Macedonia

Skopje, North Macedonia

  • LinkedIn
  • Facebook
  • Instagram

Закажи консултација

Јога Свест Терапија

 

© 2026 by Joga Svest Terapija. Powered and secured by Wix

 

bottom of page