

Работилница Јога Стрес Терапија
Знаења и Техники за ослободување стрес, траума, сенки, анксиозност и заглавени емоции.
Опис на услугата
Прочисти го физичкото тело од блокади, емоционалното тело од потиснати емоции, менталното тело од тешки мисли и усогласи го духовното со Изворното. Смени ја енергијата и Биди твојата вистинска Есенција. Доживеј се полетно, лесно, смирено и прочистено. На работилница Јога Стрес Терапија ќе научите и повторите поинакви начини на ослободување слоеви стрес, сенки, траума и емоционални отпори, застоени во телото, после кои природно ја согледувате вистината за себе си од повисока перспектива. За мажи и жени, со или без искуство со Јога, за почетници, средни и напредни. Работиме 8 ЕДНОСТАВНИ, но моќни техники. Не е потребна претходна физичка подготовка ниту еластичност, освен со исхраната, за која ќе добиете информации навремено. Работилницата се состои од: 1. Предавање 1 час. Информации низ секојдневни примери кои мотивираат, инспирираат и информираат за тоа како и зошто техниките влијаат исцелително. 2. Техники за смирување и ослободување стрес, траума, сенки, анксиозност и емоционални отпори. Практикување моќни, но едноставни антички техники кои го смируваат нервниот систем и инстантно ослободуваат отпор, емоции и стрес. Секоја техника одделно ќе е објаснета на кој начин влијае и зошто чувствуваме олеснување и ослободување. 3. Медитација и заштита. Водени технички медитации за заштита на енергетското поле, интеграција, конектирање со Вашата повисока Свест и уживање во состојба спокој, блаженство и омекнатост која ќе ја препознаете како природна и вродена. Работилницата НЕ содржи јога асани - вежби или истегнувања. Локација по договор, или во прекрасното студио The Yoga Place, во близина на силбо, Дебар маало. Инвестиција по учесник 2500 мкд Минимален број на учесници 6 Максимален број на учесници во студио 12 Максимален број на учесници во сала 50 Работилницата може да се повтори годишно или семестрално, зависно од вашите потреби.



















