

Јога часови во студио
Комбинирана Хата јога со останати алатки за ослободување.
Опис на услугата
Креирам простор каде што движењето, здивот, фокусот и свесноста се спојуваат во едно нежно, ревитализирачко но секогаш моќно искуство. Овие јога часови се внимателно креирана комбинација од хата, винјаса, кундалини, крија јога и останати источни дисциплини, во хармоничен спој што ги поддржува, сплотува и прочистува Свеста, телото и умот. Во текот на 60 минути, ќе имаш можност да се поврзеш со себе на подлабоко ниво, да го ослободиш напнатото тело, да го смириш умот и да ја разбудиш свеста за твојата внатрешна енергија. Часовите се динамични, но истовремено и длабоко релаксирачки, создадени да ти донесат баланс, леснотија и присутност. За мажи и жени, без разлика дали сте почетник или веќе имате искуство. Времетраење 60 минути. Месечна членарина 2500 мкд. Локација во прекрасното студио Ритуалс, Тафталиџе. Максимален број на учесници 11.



